во

Македонија 2024: Ристовски од „Интегра“ се качи на месечината

Нешто за кое пред четири години можевме само да сонуваме, денес стана реалност. Вселенскиот брод „Интегра“ слета на месечината. За прв пат, еден македонец стапна на месечината! Вселенската програма на новата ренесансна влада на Република Северна Македонија, со верба во Бога, вроди со плод. Премиерот Љупчо Ристовски, за кого многумина сметаа дека е паднат од Марс, им ги затна муцките на критичарите и постигна историски успех.

„Ова е еден мал чекор за мене, но голем за Македонија. Со верба во Бога успеавме да го постигнеме овој најголем успех во македонската историја. Во следниот мандат, ако даде Господ, ќе го вратиме и историското име Македонија! А покрај летачките возови, веќе разговаравме со ЈСП и во следните неколку денови ќе објавиме тендер за набавка на летачки автобуси, кои ќе ја красат оваа наша прекрасна земја од Бога дадена.“ – изјави од месечината премиерот Ристовски.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Кога ништо не ти оди

#СмрттаНаХуморот – Прогноза