во

Љубимиројавление

љубам луѓе будалишта,

далдисани. јуродиви. месечари.

самовилничари. пијаничишта.

одлепени, удрени, пернати

со ровја по глава. луѓе

со мокри погледи и ѕвезда

меѓу очи. изгубени

во хронотопот на приказната.

луѓе деца во години.

кои најаве зборат

исто ко насон. гласно и

со зборот право в чело!

луѓе исфрлени од

поплавата на чаршијата.

навикнати на самотија

и бескрајни монолози.

и сиот тој нивни свет,

кој светот не го разбира!

луѓе-отстапки љубам.

зашто без нив

нема поезија.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Мудросер Гојко

Поради молкот: Граѓанин заборавил за кого треба да гласа

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Дали сум заљубен?