во

СмешноСмешно

Трка за премиер Албанец: И.Боцевски извади албанско државјанство

Поранешниот амбасадор во Бразил и страствен колекционер на партиски книшки, неговата екселенција Ивица Боцевски, реши да се вклучи во трката за премиер Албанец и од таа причина, по итна постапка побарал и добил албанско државјанство.

– Ова го правам за доброто на земјата, но и за мое добро, бидејќи реално, ги поминав сите партии во македонскиот блок. Затоа е време да ги проширам своите видици и можности за функција, но и да ги скршам табуата и предрасудите. Псе јо?! – рече тој во своето обраќање до јавноста.

Веднаш по добивањето на потврдата за државјанство, Боцевски замина во вилата на Водно за да се распраша околу условите за добивање на мандатот, но од таму беше упатен накај Мала Речица, поточно во седиштето на ДУИ. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Нешто против стрес?

Руска авангарда – Влади́мир Влади́мирович Маяко́вский