во

ДУИ победи и на Градските гробишта „Бутел“

По одличните резултати и победата во неколку избирачки места во Карпош, Кисела Вода, Вевчани, Демир Хисар каде што доминантното гласачко тело е составено од етнички Македонци, на сајтот на ДИК, може да се погледне информација дека ДУИ ја однесе победата и од гласачите од Градските гробишта „Бутел“. Ова е големо изненадување бидејќи овие гласачи традиционално изминативе години својот глас го даваа за некоја од владеачките партии во македонскиот блок, односно СДСМ или ВМРО ДПМНЕ. На што се должи овој одличен резултат на ДУИ кај починатите граѓани, кои со раширени раце ја прифатија идејата за прв премиер Албанец, останува мистерија.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Ковид19: Ноќниот живот и лудите журки ме задржаа во земјава

Лидерите на партиите во Македонија