во

ТажноТажно СмешноСмешно

Апасиев: Со две раце потпишувам дека не треба потпис

Откако ДИК ги одби сите 1982 писмени приговори од страна на политичката партија „Левица“ со образложение дека на пријавите немало потпис, лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев изјави дека сето ова е монтиран процес со цел да му се одземат дополнителните три пратеника кои заслужено ги освоил. Апасиев кој е доктор на правни науки, тврди дека на пријавите немало потреба да стои потпис.

„Со две раце потпишувам дека нема потреба од потпис! Сето ова е дело на оваа хоштаплерска власт да ни ги одземе заслужените три пратеника кои ги освоивме. Нема да ви помине ова! “ – изјави револтирано Димитар Апасиев.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Наместо влада во сенка: Интегра ќе прави влада на Сонцето

ДИК ѝ препорача на Левица да позајми печат од Драгиша Милетиќ