во

Граѓанин заборавил дека починал од Ковид-19

Скопјанецот со инцијали Д.М. заборавил дека починал од Ковид-19 и гласал на парламентарните избори. Понесен од одличната кампања на партиите и ветувањата кои ги испратија политичарите, Д.М. не можел да одолее на понудата и решил да го оствари своето граѓанско право. Својот глас на овие избори го дал за партијата за која лично сметал дека подобро ќе се справи со Kовид-19 кризата, ќе ја подобри економијата и ќе ги зачува националните и стратешките цели на татковината. Низ шега вели дека дури подоцна се сетил дека починал од Ковид-19, но дека тоа е нормално за едни избори, бидејќи гласачите дури после изборите се освестуваат што направиле.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

сЕ се врти, ништо нЕ не менува

Пост Вистина