во

СмешноСмешно БравоБраво

Хакиран сајтот на Интегра: Украден планот за населување на Марс

Битката помеѓу албанските и македонските хакери, што започна откако светски познатата пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, на својот Инстаграм профил објави слика од голема Албанија, се разгорува уште повеќе.

Најнова жртва на оваа бесмислена војна е партијата Интегра, чиј сајт, доцна синоќа бил мета на напад од анонимни хакери, кои успеале да ги украдат скиците за првиот македонски сателит, заедно со плановите за населување на црвената планета – Марс.

Лидерот на Интегра, г-нот Љупчо Ристовски, повика на смиреност и најави одржување на интергалактички конгрес, на кој ќе бидат поканети претставници на партијата од сите планети во Сончевиот систем, за заедно да ги договорат следните чекори.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Животот е краток

Екстра понуда: Со купување на два пратеника – третиот гратис!