во

СмешноСмешно

Екстра понуда: Со купување на два пратеника – третиот гратис!

Сакате да формирате влада? Ви фалат уште пратеници? Ве гази рокот? Не очајувајте! „Теле купување“ ви ја пртетставува оваа специјална можност! Само ова лето! Со купување на два пратеника, добивате еден гратис! Не ја пропуштајте оваа исклучителна можност. Купете ги Вашите идеални пратеници!

„Долго време не можев да формирам влада. Ме притискаше партиското членство. Ме притискаа коалиционите партнери. Ме притискаа странските партнери. Но, откако почнав да купувам пратеници, животот значително ми се промени. Веќе не се плашам дали ќе можам да формирам влада или да имам доволно пратебици за законите кои сакам да ги протнам. Купувањето пратеници е одлично! Ви го препорачувам на сите!“ – изјави еден политичар кој сакаше да остане анонимен.

Нарачајте уште веднаш! Искористете ја оваа неповторилива можност! Добијте три пратеника по најдобра цена досега! Ноооо … тоа не е се! Доколку нарачате во нардените десет минути, ќе добиете и една помала партија „сателит“ која ќе работи за вас на следните избори! Не ја пропуштајте оваа неповторилива можност! Нарачајте уште веднаш!

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Хакиран сајтот на Интегра: Украден планот за населување на Марс

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Како ја изгуби возачката?