во

ТажноТажно

Одговор за Дуа Липа: Лозано и Некст Тајм печеа пиперки за ајвар

Лозано и Некст Тајм повторно со брза реакција на провокациите на Дуа Липа, која овој пат бесрамно го прогласи ајварот за традиционално албанско јадење и уште еднаш ги разочара обожавателите од Македонија.

Имено, како одговор на нејзиното тврдење, нашите познати музичари објавија заедничка слика од ќумбето, полно со пиперки што се печат и ги повикаа сите нивни фанови да ги распалат ќумбињата и да ги наредат пиперките за заедно да покажеме дека ајварот е во крвта на секој прав Македонец.

Покрај повикот, тие се ставија на располагање секому кому му треба помош при лупењето на пиперките или при мешањето на ајварот за да дадат пример за единството кое ни е потребно ако сакаме да го зачуваме ајварот. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Како ја изгуби возачката?

Скопјанец кој 25 г. не бил во Охрид се загуби меѓу дивоградбите