во

Скопјанец кој 25 г. не бил во Охрид се загуби меѓу дивоградбите

Затворените граници ги натераа Македонците повторно да летуваат во македонските туристички центри, но и им создадоа дополнителни проблеми поради слабото познавање на подновената инфраструктура.

Така, Јаков С. од Скопје, кој последен пат бил на летување во Охрид во раните деведесети, шетајќи се во централното градско подрачје, изгубил ориентација и се нашол во лавиринт од дивоградби од кој не можел да излезе.

На неговиот повик за помош први се јавиле охридските пожарникари, кои успеале да го лоцираат по сигналот од мобилниот телефон и веднаш по спасувањето го вратиле на безбедно, во смештајот на пет минути од езеро.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Одговор за Дуа Липа: Лозано и Некст Тајм печеа пиперки за ајвар

МИСТЕРИЈАТА РЕШЕНА: Дивоградбата кај Мавровка ја градат самовили