во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

МИСТЕРИЈАТА РЕШЕНА: Дивоградбата кај Мавровка ја градат самовили

Нови сознанија за светоста на локацијата пред ТЦ Мавровка фрлаат ново светло на овој бизарен случај, во кој и после неколку огласи во весник со цел да се најде сопственикот, не се знае кој и што гради.

Имено, според информациите на анонимен исцелител, вработен во општина Чаир како советник на градоначалникот, објектот го градат мистериозни виши сили, со помош на самовили, кои кога никој не гледа, мешаат малтер и го креваат објектот.

Од општина Чаир велат дека ова е единствениот логичен заклучок после сите пожари и несреќи што се случија на тоа место и најавија дека се’ додека не се докаже спротивното, ќе ги прекинат сите инспекции врз објектот.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Скопјанец кој 25 г. не бил во Охрид се загуби меѓу дивоградбите

Во спомен на жртвите од земјотресот Скопје ’63