во

Бугарски политичар: Дуа Липа е од Бугарија!

Не запираат контоверзиите поврзани со познатата пејачка Дуа Липа. Откако ги задрма сите држави од Балканот небаре е Годзила во Токио, таа повторно се најде во насловите низ околните држави. Имено, бугарски политичар од Бугарија ја прогласи Дуа Липа за чистокрвна Бугарка и побара од САД по итна мерка да одржат референдум на кој ќе се гласа за потеклото на Дуа Липа. Доколку Американците не се сложат на ваков потег, тогаш Република Бугарија вети дека ќе го забрани влезот на сите двајца Американски државјани кои ќе сакаат да завршат кај нас.

“Дуа Липа е чистокрвна Бугарка. Нема тука што многу да копаме по нејзиното минато, фактите се тука. Таа, исто како и секој Бугарин сака да фигуративно да копа по земјите што се наоѓаат во наша близина. Едноставно навистина треба да бидете идиот да не ја видите вистината дека Дуа Липа, исто како и Христо Стоичков, Јане Сандански, Гоце Делчев, Гергана и Исус Христос.” – вели политичарот од Стара Загора.

За оваа тема беше запрашан и премиерот на Република Албанија кој кажа “Jam i zënë për momentin. Më pyesni më vonë.” 

Ние целосно го делиме мислењето на Еди Рама.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Калиопи и Зафирчев

Начуниците потврдија! Заев е новиот Гоце Делчев!