во

СмешноСмешно

СОЛОМОНСКО РЕШЕНИЕ: На местото на Универзална ќе се гради казино

Прекрасни вести за сите загрижени граѓани, што деновиве стрепеа и ја чекаа одлуката на градските власти за судбината на Универзалната сала. Град Скопје и граѓаните постигнаа разумен компромис и дојдоа до решение кое во моментов му е најпотребно на главниот град – уште едно казино. 

– Да сме реални, културата овде одамна не е присутна, па трошоци како реновирање или рушење, па изградба би биле само пари фрлени во ветaр. Ако не беше така, ќе имавме концертни сали на секој чекор, а не коцкарници. Затоа, одиме на сигурно и ќе инвестираме во профитабилен бизнис. – ни рече Лазо Р’чпаловски, твитерџија задолжен за односи со јавност во град Скопје. 

Проектот ќе биде јавно-приватно партнерство помеѓу град Скопје и инвеститор што ќе се избере на тендер, а победникот ќе мора да исполни два услови, и тоа:

1. Казиното да го крсти „Универзал“ во чест на салата на чие место е изграден; 

2. Да изгради парк со детско игралиште, на кое децата ќе можат да играат на апарати прилагодени за нив и од мали нозе да се запознаат со гламурозниот свет на коцката.

#ЧекорПо Чекор

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Начуниците потврдија! Заев е новиот Гоце Делчев!

песни ко песни