во

Неутрален член на СДСМ: Апасиев ќе биде новиот премиер

Откако завршија петите по ред најбитни избори во независноста на нашата, а и ваша земја, едно прашање е на умот на сите граѓани – “Добро да му еам мамата ќе се реши ли ова коронава некад?”

Доколку би имало и второ прашање на умот на граѓаните тоа најверојатно би било “Кој ќе биде новиот премиер?”

Е па, Кооперација.мк доаѓа до ексклузивно интервју со неутрален, аполитичен член на СДСМ! Имено, тој пренесува дека Димитар Апасиев ќе биде новиот премиер!

“Види баце, ја не се замарам со политика. Бев дел од Шарената Револуција, се дерев нешто демек да не дозволиме ниту една влада да се подјебава со народот, пишав два-три твита и несакајќи завршив во партија. Не знам како одат овие работиве, ама знам дека референдумот не успеа, СДСМ не победи на претпоследните избори, Заев потпиша договор против менување на устав… и се од ова испадна обратно. Така да, според моето кратко искуство со политиката, мислам дека и овој пат обратното ќе се случи. Како лидер на партијата со најмалку членови во собранието, ептен е логично да се очекува дека Апасиев ќе биде премиер, нема ваљда мнозинството да решава? Ма ајде ви се молам, што сме ние, дивјаци? Башка гледам се најавува референдум за универзалната сала, живо ме интересира дали граѓаните ќе решат дека треба да се руши или Шилегов ќе треба да реши наместо нив. Возбудливо и непредвидливо!” – изјави членот @Neutralen56 кој посака да остане неутрален.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Изгледаш вознемирено – Сосема неочекувано со Владо Јаневски

Мијалков: Subscribe to my OnlyFans