во

ТажноТажно

СЕ УДАВИЛ ВО КАДА: Го пишале починат од Ковид зошто немал маска

Страшо П., 98 годишен жител на Крива Паланка, синоќа околу 22 часот бил пронајден удавен во кадата во семејното купатило, по што веднаш била повикана брза помош и била алармирана полицијата.

И покрај брзата реакција на докторите, тие само констатирале смрт и спровеле експресна истрага, која покажала дека починатиот се бањал без потребната заштитна опрема – маска и ракавици, па најверојатно се заразил со вирусот додека лежел во када.   

Оваа верзија за смртта ја прифатиле и членовите на неговото семејство, кои го познаваат дедо Страшо како одличен пливач и не веруваат дека тој би се удавил во када ако организмот не му бил ослабен од борбата со вирусот.

По брзата помош, кратка истрага спровеле и полициските службеници, кои утврдиле прекршување на мерките и препораките и на починатиот му пишале 50€ казна, што ќе остане во наследство на неговите најблиски роднини.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Веќе Дежа Вудено

7

Рецензија на книги