во

Рецензија на книги

“Тоа сум јас” од Љубчо Георгиевски

"Тоа сум јас" од Љубчо Георгиевски е одлична хронологија на македонското реално шоу "Тоа сум јас". Уште од самиот старт и зборовите "Ако не и текнува на македонското реално шоу "Тоа Сум Јас", а Драги Шпага го знае само од филмови тогаш премала е за тебе." знаете дека ќе читате маестрално ремек дело!

“На мој начин” од Стојан Андов

Книгата "На мој начин" од Стојан Андов е една од најдобрите биографии за било кој рапер било кога напишани. Во делото на маестрален начин се покажани неговите почетоци во гетото и како преку дружење со бандите и продавање на перики на црнкињите тој успеал да стигне до Холивуд. За разлика од останатите рапери кои имаат "ghost writers" или стапуваат во брак со стриптизерки само за да добијат внимание во ТМЗ, раперот Stand Up-An Un-Dove успеа да стигне до светска слава. Дефинитивно вториот најдобар ќелав МЦ после Двапак.

“С лице към истината” од Любчо

"С лице към истината: избрани статии, есета, речи, интервюта, прогнози и полемики" од страна на Любчо Георгиевски беше книга што ми фати око поради името на авторот. Отпрвин мислев дека е име на чудовиште од книгите на Ловкрафт, но откако ја прочитав сфатив многу работи.

Ок, добро, лажам, не сфатив ништо, ама дефининтивно е најдобрата книга што ќе ја прочитате, а во неа да се споменува зборот "обаче"

“Мојата Македонска Приказна” од Љубчо Георгиевски

"Мојата Македонска Приказна" е можеби на последно место од погоре споменатите книги, но сепак тоа не значи дека не припаѓа на самиот врв од светската проза. И покрај интересниот начин на раскажување, морам да кажам - Ебате македонската приказна без Шенка и Ѓорѓи Колозови како сиромашен но чесен пар што мора да се бори против ујдурмите на Гоце Тодоровски како Сатаната.

“Записи за едно време” од Бранко Црвенковски

"Записи за едно време" од Бранко Црвенковски е една од најдобрите научно фантастични книги на денешницата. Од самиот старт книгата си игра со твоите очекувања. Во книгата навистина се наоѓаат записи од едно време, но тоа се записи од идното време. Низ целата книга постои чувството на мистерија и сам се прашуваш "Па добро, од каде авторот знае што се дешава во иднината?" но на самиот крај го добиваш одговорот. Авторот успеал сам да направи ДеЛореан и со него да отиде... BRANK TO THE FUTURE

“Искуства за иднината” од Никола Груевски

"Искуства за иднината" од Никола Груевски е продолжение на "Записи од едно време". Овој пат, бидејќи го знаеме твистот, самиот наслов ви кажува што се случува во делото. Сепак, авторот на книгата тука решава да искористи nom de plume за читателите да не ја споредуваат оваа книга со нејзиниот претходник. Квалитетот на оваа дистопија е од рaнгот на Бредбери, Орвел, Хаксли или Ајн Ранд.

Кама Сутра од Мајка Ти

Кама Сутра. И во оваа книга исто како и во претходните се говори за масовно подјебавање со голем број на луѓе.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

СЕ УДАВИЛ ВО КАДА: Го пишале починат од Ковид зошто немал маска

Краткотрајното паметење на малоумните глави