во

СОВЕСНО: БМВто на газда кој не исплатил плата поцрвенело од срам

Одлуката на УЈП да ги објави јавно сите компании кои добиле субвенции за помош, а не исплатиле плати, силно ги погоди сопствениците на мали, средни и големи бизниси и предизвика последици по нивното психо-физичко здравје. 

Така, анонимен бизнисмен од Скопје, само неколку часа по објавувањето на името на неговата фирма како дел од компаниите кои ја задржале државната помош, пријавил дека автомобилот што го купил со парите од помошта, од темно син станал црвен. 

– Влегувам во гаража и што да видам – црвен како пиперка! И право да ти кажам бев спремен да ја тужам државата што ми приредува вакви стресови. Среќа сопругата беше тука, па ми направи една блага вода и ми објасни дека таа си купила ист модел за себе, а моето БМВ го однела на сервис. – ни рече тој со наведната глава. 

И покрај оваа добра вест, тој вели дека се’ уште се чувствува ужасно лошо и е засрамен од тоа што неговата фирма се нашла на столбот на срамот, па затоа вети дека најмалку еден месец од срам нема да излегува од својата вила со базен, џакузи и тениски терен.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

БАРО: Симптом на дефинитивен заборав на грижа за општо добро

Дали мисли на мене?