во

„Дечки бе. Па доста е со депре, мора и малце YOLO – Пост Вистина

„Дечки бе. Па доста е со депре, мора и малце YOLO. Млади сме. Не смее да застане журката само затоа што наводно имало пандемија некаква ширум светот. Башка кој настинува у лето!? Што тресат глупости! 3 години по ред одам на Ohrid Calling, Аца Лукас на 1ви август, исто после и тоа техното на Изгрев шо е. Еднаш не сум се закашлал не па да фатам некој вирус.А супер беше Градиште искрено, младина тука рока, пукаме таблички добри, некој прашак бугарски имаше, руки у вис, тука некои нови техно хитови нешо Devil ау, газење начисто!А за корона не се секирам, што и да донесам дома, што ќе се деси? Баба ми ќе умре? Па на баби и дедовци што им е работа?!“ – Дејан Петричовски, млад невработен упишан на мировни студии или таков некој нефакултет, фан на Елитни Одреди, љубител на добро техно, чест нарачувач на пилешки прсти во кафана, горд поседувач на you only Yolo once тетоважа.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Кој е мојот ангел чувар – Не толку црно бело со Владо Јаневски

МВР ЗА ИНТЕГРА: Љ.Ристовски ќе биде министер за вселенски работи