во

МВР ЗА ИНТЕГРА: Љ.Ристовски ќе биде министер за вселенски работи

Преговорите за формирање нова влада го донесоа првото изненадување на македонската политичка сцена.

Имено, по долги преговори кои траеа до длабоко во ноќта, лидерите постигнале договор новото министерство за вселенски работи (МВР) да го води докажан професионалец во областа на астрофизикатата – г-нот Љупчо Ристовски.

Новиот министер рече дека ќе даде сѐ од себе за земјава да стане вселенска велесила и ја презентираше програмата за работа, според која до крајот на 2022 во Мариово ќе биде изграден првиот македонски космодром, од каде ќе биде лансирана првата македонска ракета кон првата македонска вселенска станица. 

May the force be with him! 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

„Дечки бе. Па доста е со депре, мора и малце YOLO – Пост Вистина

15

Сагата за 2020 во Македонија