во

Распишан конкурс за „Кластер на годината“

Министерството за здравство распиша конкурс за „Кластер на годината“. Граѓаните своите пријави треба да ги достават во електронска форма на официјалниот мејл [email protected] , со назнака „За конкурсот – Кластер на годината“. Со пријавата задолжително треба да бидат доставени и 10 фотографии и едно видео од прославата, журката… или било кој друг креативен настан со кој граѓаните сакаат да конкурираат на конкурсот. Најдобрите 3 идеи ќе бидат наградени:

  • 3-та награда: Двонеделен платен престој во Клиниката за инфективни болести
  • 2-ра награда: Бесплатен третман со респиратор
  • 1-ва награда: Бесплатен погреб со вклучени сите останати погребни трошоци (гробно место, сандак, венец, поп …)

За наградите ќе одлучува трочлено жири на чело со министерот Венко Филипче, како претседател на жири комисијата. Министерството за здравство ги очекува Вашите пријави и Ви посакува многу среќа на конкурсот.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Добар човек – Не толку црно бело со Владо Јаневски

Не ја сечете гранката на која седите