во

СДСМ: Ќе вложиме во креирање на машина за враќање во минатото

На прес-конференција на партијата С (која го смени името откако сфатија дека не се демократи, социјалисти и дека носат погрдно име што почнува на буквата М), беше изјавено дека во најбрз можен рок планираат да вложат во креирање на машина што ќе им помогне да се вратат во минатото. За да стигнат до потребните финансии за креирање на ваква машина ќе биде потребно зголеување на цената на струјата, водата и воздухот, план што веќе е 1/3 готов.

“До кога луѓето ќе ни вадат цитати од минатото? До кога луѓето ќе не потсетуваат на документи што сме ги потпишале? До кога луѓето ќе велат дека сме дволични преваранти што ги менуваат своите изјави за сопствен профит? Не планираме да го трпиме ова силување од страна на граѓаните! Под итно ќе создадеме машина за патување низ времето и ќе се спречиме самите себе си од кажување на работите што сме ги кажале!” – изјави “Младо момче од Македонија со кратка темна коса, облечен во одело и доаѓа од солидна фамилија, а почнал со влез во политиката уште од млади години”

Со ова се сложија и членовите на П (откако го сменија името ВМРО-ДПМНЕ откако сфатија дека немаат врска со ВМРО и не се залагаат за демократија или македонско национално единство) 

“Па што ако сме ветувале работи? Па што ако сме вршеле криминал? Па што ако кажуваме едно а правиме друго? До кога граѓаните ќе ни ги вадат овие работи низ нос? Што е побитно – нашиот финансиски ќар по секоја цена или вистината? Ма ајде ви се молам!” – изјави “Младо момче од Македонија со кратка темна коса, облечен во одело и доаѓа од солидна фамилија, а почнал со влез во политиката уште од млади години” на пресот на П.

Свое мислење за оваа ситуација нема Али Ахмети, ама од извори блиски до ДУИ се тврди дека тој кога би имал шанса да се врати во минатото повторно би ги направил истите работи и за ништо не се кае.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Љубов – Не толку црно бело со Владо Јаневски

Балканци слушаат радио во 2007 година