во

Не знам што не е во ред со девојкиве денес – Пост Вистина

„Не знам што не е во ред со девојкиве денес. Искрено, не сум навикнат на овој тип на додворување којшто се случува денес. Можеби сум само безнадежен романтичар, можеби сум воспитан на друг начин.

Искрено, како млад средношколец почнав со цел тој фазон, Bullet for my Valentine, My Chemical Romance, Evanesence и слично. Секако тоа еволуираше во слушање Joy Division, Sonic Youth па и ЕКВ, знаете цел тој Weltschmerz филм, секако се запишав на компаративна книжевност, имав класична нихилистичка фаза, Ниче, Шопенхаур, Џумерко, стандард. Секако по факултет работам како бариста во познато скопско кафуле, еве 13та година по ред.

Ме фрустира она што се случува денес искрено, еве направив и Инстаграм, има преубави млади девојки, 22, 23 години, јас како зрел компартивен книжвеник и активен поет со свои 37 години, нормално е да пристапам во DM со одредено парче автентична поезија којашто говори за нивната убавина. За возврат што добивам!? – Дечко ај не сери и покажи ми го курот! Мислам крајно вулгарно е, многу работи се сменети, и не знам дали можам да се снајдам во оваа сцена, во ова модерно време. Можеби е крајно време да се вратам на мојата Weltschmerz фаза, нема ништо лошо во тоа да си отворено ранлив…“ Гаврил Китански, поет, бариста, човек кој живее за емоции, редовен пациент на softbois.mk.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Нешто за пијачка – Не толку црно бело со Владо Јаневски

20

Мистер Ворлдвајд