во

Јанко Бачев тргнува за Русија за прв да ја прими руската вакцина

Големиот почитувач на ликот и делото на рускиот претседател Владимир Путин, лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, соопшти дека одлучил да замине во Русија и еднаш засекогаш да им стави крај на шпекулациите дали руската вакцина навистина помага.

– Имам неограничена доверба во претседателот на Русија, Путин. Ако тој вели вакцината делува, јас засукувам ракави и тргнувам за Москва. Кога сакаат, тогаш нека тестираат. Им стојам на располагање. – рече г-ин Бачев во кратката изјава за Кооперација.

Покрај него, за тестирање на вакцината се пријавиле сите останати членови на неговата партија, па тој на патувањето ќе биде придружуван од неговата сопруга и нивниот миленик, руската плава мачка, Екатерина.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

20

Мистер Ворлдвајд

МЕПСО: Како тоа сте во брак со Момоа а немате пари за струја?!?