во

МЕПСО: Како тоа сте во брак со Момоа а немате пари за струја?!?

Екипата на Кооперација.мк секогаш е во чекор со актуелните случувања. Овие денови главна тема е поскапувањето на сметките за струја, па поради тоа стапивме во контакт со господинот МЕПСО кој ја отвори душата за сите проблеми и навреди кои тој ги доби на социјалните мрежи во изминатиот период. Во продолжение го претставуваме целото интервју со господинот МЕПСО:

Кооперација: Здраво. Навистина ни е чест што не’ прифативте во вашата канцеларија. Да започнеме со интервјуто. Зошто зголемување на цената?

МЕПСО: Здраво и на вас. Видете… Зошто да не? Пред некој ден гледам телевизија и цело време рекламите се за зголемување. Зголемување на пакет со чипс, зголемување на амбалажата на соковите, апчиња кои ќе ви помогнат со зголемување на машкоста. И дојдовме до заклучок дека народот сака зголемување. Е па ако сакаат зголемување, ќе им го дадеме. Секогаш сме тука да му служиме на народот.

Кооперација: Ама народот не го прифати ова зголемување на цената баш најдобро. На што мислите дека се должи тоа?

МЕПСО: Па ваљда не се навикнати. Знаете како рекле старите, првите петстотини поскапувања се најтешки, после тоа си навикнат и многу полесно оди.

Кооперација: По интернетот имаше и многу негативни коментари за оваа одлука. Дали ги прочитавте и како тие коментари влијаат на вас? Планирате ли да смените нешто после коментарите?

МЕПСО: Па да ти кажам право, да. Планирам да ја сменам викендицата. Имам една викендица во Драчево, ама после зголемувањето на цената на струјата најверојатно ќе ја продадам оваа и ќе можам да си дозволам да земам една во Охрид. Сепак како Охрид нема друга! (се смее) …уствари тоа за Струга беше…ама ме сфаќаш бе… (не се смее повеќе)

Кооперација: Сметате ли дека оваа одлука е погрешна? Сепак целиот свет е во економска криза, сигурно голем дел од граѓаните на Република Нашата Земја и не се баш во можност да ги платат зголемените сметки?

МЕПСО: Како не бе!!! Баш пред некој ден отворив Фејсбук и гледам дека голем дел од луѓето во државава се во брак со Џејсон Момоа. Па мислите тој нема пари? Го гледав глумеше во онаа серијата со змејовите. Побарајте од сопругот пари, не е сиромашен, во Холивуд глуми. Мислам ајде ви се молам, како тоа сте во брак со Момоа а немате пари за струја?!?

Кооперација: Во ред господине, тоа беше се за ова интервју, не сакаме да ве задржуваме повеќе од потребното, сигурни сме дека сте зафатени и имате премногу обврски.МЕПСО: Да, да, баш за пар саати треба со луѓе од партија да се видам, договорено имаме покер да играме, а треба и порано да легнам, утре треба да патувам во Турку, ми кажаа фини луѓе имало таму. А бе… Турција си е Турција бе батец…

Кооперација: Само за крај, ако може едно вака приватно прашање. Името… МЕПСО… малце е несекојдневно. Влав да не сте?Господинот МЕПСО не го одговори ова прашање и само не погледна попреку по што ја напуштивме неговата канцеларија.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Јанко Бачев тргнува за Русија за прв да ја прими руската вакцина

Како изгледа фацата на Мицкоски?