во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

ХУМАНО: Нина ги донира повлечените пари за гладните деца на Хари

По жестоките реакции во јавноста затоа што неколку месеци пред стечајот на Еуростандард банка, министерката за финансии, Нина Ангеловска, ги повлекла средствата од сметка, таа реши да ги подари на оние на кои им се најпотребни – децата на функционерите од СДСМ.

Така, најголем дел од средствата ќе завршат кај синовите на поранешниот пратеник Хари Локвенец, кој среде коронакризата одби да се откаже од пратеничките примања со оправдување дека ако го стори тоа, децата ќе му останат гладни.

Најмала помош ќе добијат децата на мандатарот за нова влада, Зоран Заев, и тоа неколку пакети хартиени марамчиња, со кои ќе можат да ги бришат солзите, затоа што како што се пожали татко им – „плачат кога го гледаат на вести“.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Запнаа преговорите: ДУИ бара Албанец претставник на Евровизија

Детство