во

РОДЕН ТАСТЕР – Пост Вистина

„Како што поголем дел од вас видовте, викендов имаве страшни акции ширум репбулика Нашата Земја, со цел сузбивање на големи нарко банди коишто ја трујат нашата младина. Охрид, Кочани и скопско Козле беа на тапет овој викенд. Во организираната акција во којашто земаа учество преку 500 припадници на специјалните едници при МВР, успеавме да фати цели 7.5 грама марихуана, 2 таблети од видот екстази, и прашкаста материја од типот амфетамин 0.8 грама, од бугарско производство.

Сметам дека оваа акција беше голем успех, и зададе длабока рана во пределот на ташаците на македонските нарко индустријалци. Последиците на оваа акција ќе ги видиме на подолг рок, кадешто очекуваме грамот од 0.8 да стане рекордни 0.7. Дополнително, би сакал да истакнам дека со доаѓањето на новите кадри во МВР, по изборите, особено оние од ДУИ, очекуваме уште поголема активност во борба против нарко бизнисот, со акцент на Чешиново – Облешево, Митрашинци и мариовско Вепрчани.“ – Миодраг Ивановиќ, виши инспектор за некои курчеви карики во МВР, РОДЕН ТАСТЕР, некаков фактор во република Нашата Земја

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Ако нормални луѓе одговараа на прашања како политичарите

вкоренет лет