во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

НИНА ПРИЗНА: Заштедив 200 000€ со скенирање фискални сметки

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, по неколкудневен жесток притисок од јавноста призна дека средствата што ги повлекла од Еуростандард банка, се пари заработени со скенирање фискални сметки.

Како што објасни таа, меѓу првите во земјава ја инсталирала апликацијата МојДДВ и повеќе од една година опсесивно го скенирала секој код што ќе ѝ дојде при рака.

– Моето обезбедување може да посведочи дека имало денови кога сум барала сметки во контејнери само да ја задоволам потребата. Тоа е доказ дека кога си посветен, соништата се остваруваат. – ни рече во краткиот телефонски разговор.

Таа ги охрабри граѓаните да го следат нејзиниот пример и, ако можат, уште денес да станат министер за финансии, затоа што нејзе лично, тоа најмногу ја мотивирало да почне да штеди. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

НАМЕСТО ПРЕМИЕР: Насер Зибери ќе биде нов фудбалски селектор

Шасија на енглески