во

Ахмети: Време е следната бивша жена на Маленко да биде албанка

Поранешниот миротворец и љубител на шумите и природата – Али Ахмети продолжува во својата мисија да го сплоти целиот свет. Во борбата за Нобеловата награда за мир тој се бори рамо до рамо со Зоран Заев, Џингис Кан и Лукашенко, но најголемите експерти тврдат дека неговиот следен потег дефинитивно ќе ги прекине поделбите во светот!

Имено, тој смета дека е време следната бивша жена на Александар Маленко да биде од албанско потекло, потег што тој смета дека ќе ги прекине сите поделби во државата и ќе помогне во иднина Република Албанија да има подобри успеси во пливачките дисциплини на Олимписките Игри.

“Шо е ова бе? Само во брак со македонки ќе биде? Ма ајде ви се молам! Оваа албанофобија мора да прекине! Шо им фали на нашите нусиња? Под хитно да фати една албанка, да ја ожени, затрудни и после тоа нека се разведат. Па како може да има милион бивши жени, а ниту една од нив да не биде албанка?” – изјави лицето со иницијали подеднакви како и тие на “Alcoholics Anonymous”

Со свое мислење за оваа ситуација се изјави и лидерот на една невладина организација – независен член на СДСМ, син на познат функционер од истата партија.

“Видете, не знам колку сте во тек со бившите жени на Александар Маленко, ама тој беше во брак со жена од Русија. Русинките му се добри, а тие од Албанија не му се? Не сакаме да покажуваме со прсти, ама потајно мислиме дека Александар Маленко е таен агент што го шири руското влијание во државата. Ако беше вистински патриот и вистински прогресивец тој до сега ќе имаше расплакано барем три-четири Албанки. Вака немаме избор освен да веруваме дека тој е сериозен жено-мразец и албанофоб”

Останува да видиме дали Маленко ќе го послуша големкото мислење на ДУИестиот лидер.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Шасија на енглески

Надворешен советник – Пост Вистина