во

ТажноТажно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено БравоБраво Ме густаМе густа

Уапсен пиштолот што нападна граѓанин додека разговарал со Нефи

По неколкудневна интензивна потрага полицијата успеа да го лоцира и да го приведе пиштолот, кој самоиницијативно, му нанесе повреди на граѓанин во моменти кога бил во пријателска прегратка со неговиот долгогодишен другар, охридскиот советник Нефи Усеини.

Според извештајот на полицијата, се работи за пиштол ЦЗ, модел ВЗ-50, односно истиот тој кој сведоците го индетификуваа како напаѓачот кој му зададе повеќе удари по глава на оштетениот. За среќа, нападот на разбеснетиот пиштол бил прекинат од охридскиот советник, чие присуство го спасило Топалоски од посериозни повреди.

Охридското обвинителство побара судот да му одреди 30 дневен притвор на пиштолот, со цел да се спречи негово влијаење врз сведоците или оштетените, но и за да не го повтори делото.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Внимавајте! Виши сили имитираат членови на ДУИ!

Пациентите кои умираат од Ковид-19 се посреќни од останатите