во

Падот на Џукановиќ – Пост Вистина

„Искрено, гледам како се развива ситуацијата во Црна Гора после падот на Џукановиќ, и морам да кажам дека сум многу пријатно изненаден. Искрено верувам во прогресот на црногорскиот народ и чекорите што ги прават кон интеграција во ново модерно европско општество. Впрочем и транизицијата што ја направив од мојот роден град во земја членка на ЕУ беше и токму поради уназадените диктатори како Џукановиќ и нивните пулени, кои за жал владеат на Балканот. Важно е во ова време сите ние од поранешните југословенски дијаспори да се обединиме како една критична маса на интелектуалци, кои имаат поглед кон иднината, кои ги прераснавме сите тие примитивизми, трибализми, фашизми кои владеат на Балканот.

Ако ме прашуваш дали ми фали родната грутка секако не. Овде се дружам со луѓе од сиот свет – Романија, Молдавија, Полска, па дури и Белорусија. Што можам да кажам, иако сум Балканец, сепак сум светски човек.“ – Светозар/Домагој/Стојан/Будомир/Алмедин Мирковиќ/Мирковиќ/Здравковски/Бабица/Хамидпашиќ, иселеник од Балканот, човек кој секако има мислење за политичката ситуација во Црна Гора, работи во call centar за 800 евра, 400 му идат за кирија – една соба, 35 години, живее со 8 цимери, сите од Балкан секако, светски човек и особа, последна книга што ја прочитал е го гледал LOTR extended, симнат на лап топ дур бил дома на гости.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Што ви треба за популарна комедија?

21

Помалку познати цитати на Заев, Груевски, Апасиев и останатите