во

ТажноТажно СмешноСмешно КулКул БравоБраво

СиЕнЕн ги откупи правата за пренос на рушењето кај Мавровка

Директниот пренос од рушењето на дивоградбата кај Мавровка што денес е топ-тема во нашите медиуми, предизвика огромен интерес и кај светските медиуми, кои започнаа вистинска војна за обезбедување на ексклузивните ТВ права.

СиЕнЕн, БиБиСи, Едо, ЕнБиСи, Шутел…се само дел од медиумските гиганти кои испратиле барање до македонските власти за откупување на правата, а победник на наддавањето е CNN, чија понуда ги надминала очекувањата и на најголемите оптимисти.

Според извори блиски до Андерсон Купер, на овој начин медиумската куќа сака да ги покрие загубите што ги претрпе со одложувањето на Олимписките игри, затоа што по нивните пресметки се очекува рушењето да привлече приближно иста публика т.е. околу 5 милијарди гледачи.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Што е заедничко за LOST и Мавровка?

Еј, дете…добро си?