во

БесноБесно ТажноТажно СмешноСмешно КулКул ЗагриженоЗагрижено

Судот во Хаг подигна обвинение против Џоковиќ за обид за убиство

Меѓународниот кривичен суд за воени и тениски злосторства во поранешна Југославија со брза реакција по синеќошната дисквалификација на светскиот тенисер број 1, Новак Џоковиќ, кој удри еден од линиските судии со тениско топче.

Имено, хашките обвинители веднаш по завршувањето на мечот спровеле истрага и покренале обвинение против српскиот тенисер за обид за убиство, прекршување на Женевската конвенција на војување и злосторства против човештвото.

– Тенискиот меч е војна помеѓу двајца тенисери. Синоќа еден од нив употреби методи кои целосно се косат со Женевската конвенција и воспоставените правила на војување и поради тоа немаме друг избор освен да побараме максимална казна. – рече портпаролот на судот во Хаг.

Среќа во несреќа за Џоковиќ е тоа што неговите адвокати успеале да најдат дупка во законот што може да го спаси нивниот клиент од казна, па го советувале тенисерот од Њујорк да се упати кон Мала Речица и да извади членска книшка од ДУИ.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Кога ќе сфатиш на што си се сложил

Волку, волку…