во

СлаткоСлатко ТажноТажно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗагриженоЗагрижено

Багерот што ја рушеше дивоградбата кај Мавровка пронајден мртов

Мистериите околу дивоградбата кај Мавровка продолжуваат и понатаму.

По скандалот со самовилите за кои Кооперација ексклузивно пренесе пред еден месец, сега нова афера фрла сенка врз рушење на градбата.

Имено, како што дознаваме од анонимни извори, багерот кој учествуваше во рушењето утрово бил пронајден во лежечка состојба, без знаци на живот на паркингот на ЈП „Македонија пат“.

– Вчера се’ беше во ред. Немаше никакви знаци дека може да дојде до ова. Јас лично му го наполнив резервоарот до врв, му проверив масло и излеговме на терен. Што се случило вечерта откако го оставив сам, навистина не можам да ви кажам. – ни рече низ солзи автомеханичарот задолжен да се грижи за него.

За сега од МВР не кажуваат дали се работи за убиство од одмазда или самоубиство поради притисокот што тој го трпел последниве неколку дена, само кратко ни рекоа дека благовремено ќе не известат кога истрагата ќе биде готова.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Емисиите на Миленко

Која Република?