во

Мицковски од терасата на седиштето побара рушење на дивоградбите

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со протестите против неправдите и беззаконието.

Така, нејзиниот лидер, Христијан Мицковски, денес од терасата на вториот спрат на Белата палата ги повика граѓаните да му се придружат во борбата со урбаната мафија и побара итно рушење на сите дивоградби во земјава.

– Крајно време е законот да почне да важи за сите, затоа што селективната правда е неправда. Суштината е: или ќе изградиме општество кое почива на цврсти темели или ќе останеме дивоградба како местото од каде се обраќам. – рече тој во своето обраќање.

Покрај протестите против покачената цена на струјата и дивоградбите, тој најави дека ќе се протестира и против непотизмот во високото образование, кое според него станало семеен бизнис кој уништува генерации и генерации.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Која Република?

Што е заедничко за Новак и актери во ГИЛФ порно?