во

СлаткоСлатко КулКул

Македонскиот рекет бр.1 влегува на УС Опен на местото на Џоковиќ

Неправдата е исправена! По контроверзното исклучување на светскиот рекет број 1 од отвореното првенство на САД, тимот на Новак Џоковиќ доби шанса да избере замена која ќе се обиде да ја одбрани честа на Балканот и да ја заврши работата што тој ја почна.

Очекувано, тимот едногласно се одлучил за македонскиот рекет број 1, охридскиот советник Нефи У., кој беше оневозможен да се пријави на турнирот од самиот почеток затоа што го усовршуваше форхендот, бекхендот и волејот врз свој близок пријател, па мораше да земе мал одмор.

– Избравме достојна замена. Го познавам неговиот стил на игра и сигурен сум дека на судиите нема да им биде лесно да донесат одлука против него, а тенисерите ќе размислат два пати пред да го вратат топчето на неговата половина од теренот. – вели тренерот на Џоковиќ.  

Тимот на првиот рекет на Македонија веќе е на пат за Њујорк, а во него се: братот на нашата тениска ѕвезда, тренерите Али Ахмети, Рамиз Мерко и Артан Груби, како и други видни членови на ДУИ, сите добри познавачи на тајните на рекетот.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Што е заедничко за Новак и актери во ГИЛФ порно?

СДСМ: Нашето поскапување на струјата е подобро од она на ВМРО