во

Рашковски му се извини на Груби дека со образот го удрил по рака

Среќен крај на драмата што вчера се случуваше во зградата на Владата!

Малото недоразбирање помеѓу функционерите што доаѓаат и функционерите што си одат кое предизвика конфликт, беше брзо решено со извинување до оштетениот – новиот вицепремиер Артан Груби.

Имено, генералниот секретар во заминување и еден од учесниците во кошкањето, Д-р.Др.аги Рашковски, во срцепарателно и трогателно соопштение ја призна вината за инцидентот и побара прошка бидејќи неколку пати ги удрил нежните раце на Груби со своите груби образи.

Помирувањето го поздравија и од кабинетот на премиерот Заев, од каде ги пофалија напорите што ги вложија двете страни и истакнаа: „Покажавме на дело дека недоразбирањата во владината коалиција ќе ги решаваме по европски терк. Треба само да изброиш до 10, да отвориш дебата за проблемот, зрело да размислиш и на крај да му се извиниш на функционерот од ДУИ. Полесно здравје!“

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Граѓанин отстранет од протестот на ДПМНЕ затоа што дошол со Југо

Мама кажа дека не можам