во

ТажноТажно

Преспанското езеро заминува на привремена работа во Шведска

Бугарската амбасада во Скопје соопшти дека второто по големина езеро во земјава – Преспанското, пред неколку дена поднело документи за добивање бугарски пасош со цел да ја напушти Македонија и да замине на привремена работа во Шведска.

Кооперација проба да стапи во контакт со езерото, кое разочарано од односот на институциите не сакаше многу да зборува, само кратко ни ги објасни причините поради кои се решило на ваков чекор.

– Јас сум едно од трите езера во Македонија и пак не можете да ме зачувате. Во Шведска ги има илјадници и успеваат на сите да им посветат внимание. Па си реков, подобро последен во Шведска, отколку втор во Македонија и аплицирав за работа преку интернет. Газдата многу ме засака и добив убаво место. Очекувам до крајот на септември да сум готов со селењето. – рече тоа низ солзи.

Биолозите со кои разговаравме велат дека целосно го разбираат езерото зошто би сакало да си замине од тука, а голем број од нив веќе имаат усни договори со него и очекуваат кога ќе се смести и нив да ги повлече таму.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Мама кажа дека не можам

Македонци би лајк…