во

Пост Вистина

„Пред се морам да кажам дека сум згрозен од националистичките испади на навивачките групи на двете страни. Нема ништо поболно од тоа да навредуваш некој на етничка основа, а и навистина е еден од феномените кои се случуваат сѐ уште само во Македонија и ниту на ниедно друго место во светот.Kога ги видов испадите од овој викенд, сфатив што можам да направам за подобрување на состојбата во врска со сиот тој национализм, притмивизам и трибализам што владеат со нашето општество. Едноставно се исклучив и седнав пред својот лап топ да напишам еден долг сочен статус за тоа на кој пат не водат ситуациите од овој тип.Некоја празна и општа критика на национализмот како концепт, пар патетики од аla Лешоски или Васиљ, и во нивен стил пар преведени српски твитови, како и прецитирани делови од Библијата, Куранот и Рамбо Амадеус. И voila испадна статус што во рекордни 2 часа имаше 20 шера и 321 лајк.Мислам дека е ова решението што го бараа сите овие проблеми. Очекувам во следните денови Македонија не само да почне со преговори туку директно преку ред да влезе во ЕУ. А неизбежното читање на мојот статус од страна на Путин, Трамп и Џипинг, очекувам мир во светот.А сега мора да ме извините, по моево утринско кафе ќе морам да преминам од материја во суштина ॐ“ – Борислав Најденов, човек со пристап од интернет, woke af mf, горд поседувач на книгата „Finding the clitoris for dummies“.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Боцкалче

Мртовецот демантира дека бил украден од струмичката болница