во

СлаткоСлатко ТажноТажно СмешноСмешно ЗачуденоЗачудено КулКул БравоБраво

Мртовецот демантира дека бил украден од струмичката болница

Мртовецот за кој денеска сите медиуми објавија дека бил украден од струмичката болница, ги демантира сите гласани околу евентуалната негова кражба.  Мртовецот вели дека нема вистина во тврдењата дека бил украден од група на непознати луѓе, туку дека тој самиот ја напуштил болницата.

„Малееее, што лафите глупости! Кој ќе ме украде мене?! Какви глупости се това?! Сам си отидех! Кога ми кажаа дека сум умрел, ме фана некоја сафра да ви кажам, и искочив да прошетам. Сакав да се врнам послем фоф болницата, ама си рекох зашто да се врнам кога и онака сум умрел!? Сега тука, активно учествувам во овоа организирањето на погребо. Па не се умирам секој ден! Мора сè да биде под конец!“ – изјави мртовецот од струмичката болница.

Извештај

4 коментари

Одговори
  1. Друг пат питејте некуј струм’чанец шо и как да пишате оти збор’ве как ЛАФА, ФОФ, ТОВА, и маабето как целина нема струмичка основа.

    • Дијалектот е далеку од струмички!
      Дијалектот е гевгелиско, селски, богдански, беровски. Сè, само струмички НЕ!

  2. Малееее, што гуворате глупусти! Кој ќе ме откраде мене?! Каква глупуст е т’ва?! Сам си ујдех! Кооо ми кажаа оти сам умрел, ма фана некој саклет да ви кажам, и излезех вонка да се прошетам. Сакааах да се врнам после у болницата, ама си кажах зашо да се врнам коо и така и така сам умран!? Саа тука, активно учествувам у мојто организирање на погребо. Па не умирам секој ден! Мора сè да биде под конец!“ – изјави мртовецот од струмичката болница.

  3. Очигледно “мртовец” не бил струмичанец.
    Дијалектот нема везе со струмички и ја губе суштината на сарказмот во текстот.
    Убаво би било како новинари пред да пишете текст да се посоверувате

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Пост Вистина

МВР: Украдениот мртовец пронајден на своето гласачко место