во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

МВР: Украдениот мртовец пронајден на своето гласачко место

Среќен крај на драмата со анонимниот мртовец, кој денес на ја крена на нозе целата држава, откако сношти исчезна од својот ладилник во струмичката болница.

Имено, по обемната истрага на полицијата, која вклучувала и детално испрашување на членовите од неговото потесно семејство, тој бил пронајден на гласачкото место со број 1723, каде минатите изборни циклуси гласал и бил дел од изборната комисија. 

Според неговите најблиски, тој пред да го однесат во болница оставил аманет до нив да проверат дали неговото име сѐ уште е во избирачкиот список и да се уверат дека и после смртта ќе има право на глас, но тие не го исполниле, па затоа решил сам да си ја заврши работата.

Од СВР Струмица јавуваат дека при приведувањето мртовецот не давал никаков отпор, туку мирно и достоинствено им се предал на полицајците. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Мртовецот демантира дека бил украден од струмичката болница

Музика наместо Лексилиум! Панк наместо Турбо фолк!