во

СмешноСмешно

ВТОРА ШАНСА: Онлајн наставата се префрла на платформите на Матка

Неуспешниот старт на платформата за онлајн настава, која падна уште првиот ден и остави илјадници ученици среќни и задоволни, го мотивираше Министерството за образование да бара подобро и постабилно решение, што нема да задава многу проблеми.

Така, по долги дискусии помеѓу коалиционите партнери донесено е соломонско решение – предавањата да се префрлат на платформата во кањонот Матка, која се покажа како екстра квалитетна и која, и покрај многуте обиди за рушење, уште стои цврсто и стамено.

Од општина Сарај, под чија надлежност е кањонот Матка, дадоа дозвола платформите да се користат за онлајн настава, но прво побараа извинување од град Скопје за барањето тие да се остранат, што доколку се случеше, денес учениците ќе немаа каде да следат настава.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Дик

Haha toa e sto da prais