во

Магарето именувано за нов национален координатор за координирање

“Опшесвото кое им дава шанса на своите најуспешни поединци е успешно опшесво.” – вака премиерот Зоран Заев го започна својот говор на манифестацијата по повод стапувањето на функција на магарето Хрвоје, стипендист на македонската влада и од денес – национален координатор за координирање на работата на националните координатори.

На свечената церемонија присуствуваа голем број колеги и роднини на експертот, сите сегашни и поранешни функционери во власта, кои заедно му посакаа добредојде на функцијата со громогласен аплауз и стоечки овации. 

За стипендија на новиот координатор беа издвоени над 83 000 евра од програмата Ерасмус, но од Владата очекуваат оваа инвестиција да се врати многу брзо, затоа што господин Хрвоје, покрај координирањето, ќе се бави и со едуцирање на советниците на премиерот. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Како изгледа фејсбук периодов

Документарци