во

БесноБесно ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено Ме густаМе густа

И СПАСОВСКИ СИ ЗАМИНУВА ОД ПОЛИТИКАТА: Ќе отвора фризерски салон

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по примерот на неговиот сопартиец и поранешен министер за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, реши да се повлече од својата функција во Владата и кариерата да ја продолжи во приватниот сектор. 

– Фризурите се моја пасија уште од тинејџерските денови. Тие што ме паметат од тој период знаат дека секогаш сум посветувал особено внимание на мојата коса, имиџ кој ме следи и ден денес. Токму затоа, сметам дека сум доволно зрел да го остварам својот тинејџерски сон и својот талент да го споделам со другите. – рече Спасовски во обраќањето до јавноста. 

Одлуката за повлекувањето му ја соопштил на својот шеф, вицепремиерот Артан Груби, кој му посакал многу успех во понатамошната работа и му честитал на храброста да ги следи своите детски соништа, а како подарок за полесен почеток на новата работа му доделил грант од 200 000 евра од програмата Еразмус+.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Како да го победите стравот од висина?

Столе Димитриевски