во

БесноБесно СмешноСмешно

Нимиц доаѓа во земјава за да го реши спорот меѓу Фросе и Стефан

Медијаторот кој потроши 30 години од својот живот во обид да ги надмине разликите околу името помеѓу Македонија и Грција, повторно доаѓа во земјава, овој пат со уште покомплицирана мисија – да ги помири граѓаните кои се поделија „за“ и „против“ неверство во бракот.

Како што не брифираа нашите извори, господинот Нимиц ќе пристигне на скопскиот аеродром уште утре на покана на Центарот за намалување на поделбите во општеството и ќе остане кај нас сѐ додека не дојде до помирување на поделеното општество.

Експертите што ги консултиравме велат дека преговорите ќе бидат мачни и долги и, според нив наједноставен начин да се реши спорот е машката страна од засегнатите да го промени името и да продолжи да живее под ново име.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Ти си најслабија карика

Тој што нема гревови, прв нека пише лош коментар за Стефан