во

ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА ОЛИВЕР: 1000 попови се во самоизолација

Општа паника помеѓу свештениците во МПЦ предизвика веста дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е позитивен на коронавирус и покрај тоа што строго се придржувал кон мерките секогаш кога им бацувал рака.

Имено, Спасовски, кој е познат како голем верник што никогаш не пропушта прилика за целување и е чест гостин во храмовите на МПЦ, минатиов период имал близок контакт со околу 2000 попови, од кои 1000 веќе се пријавиле за тестирање и се сместени во самоизолација.

Од МПЦ ја смируваат јавноста и велат дека и покрај недостатокот на свештеници црковните работи ќе продолжат да течат непречено, затоа што поповите во самоизолација ќе добијат лаптопи на кои ќе можат да ги вршат обредите онлајн.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Petardi, petardi…

Совршениот маж