во

ВРЛО ЛИЕПО: Камчевска ангажирана како советник по српски на Заев

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канчевска-Милевска е најновото засилување за владиниот советнички тим откако премиерот Зоран Заев ја замолил, а таа прифатила да му помогне со јавните настапи на телевизиите од просторите на бивша Југославија, поточно да му го подобри српскиот јазик.

Покрај јазикот, пресудно за ангажирањето на Канчевска-Милевска било нејзиното огромно искуство од областа на спомениците, кое според Заев ќе послужи за спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија, односно за отстранување на контоверзните плочи и бисти што сведочат за работата на бугарската „администрација“ во 40тите години од минатиот век.

Честитамо због веома врло доброме избору и одозгора на тога посакујемо ептен успехе!

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Што е помасовно од протестите на ВМРО?

ПО САМО ЕДЕН ДЕН ВО СОФИЈА: Бучковски пазарил 100 тенкови за АРМ