во

СмешноСмешно Ме густаМе густа

ПО 2 ДЕНА НА ПРОЗОР: Заев ја привршува книгата на Блаже Конески

Премиерот на Владата на Република Нашата земја, господинот Зоран Заев, по дводневен престој на прозорот во родната куќа на Блаже Конески, успеа да прочита поголем дел од книгата „Средба во рајот“, напишана од нашиот великан.

– Кога читам се исклучувам од светот. Така и сега, се зачитав и останав во куќата цели два дена. Жал ми е што за малку не ја завршив книгата, ама ветувам дека ќе се вратам наредниот викенд за да ги дочитам и последните 40 страни. – рече тој на излегување од музејот, видно уморен од читањето.

Од кабинетот на премиерот јавија дека по посетата тој почнал точно да ги изговара зборовите „ресторан“ и „рајх“, но сѐ уште се мачи со зборот „општество“ и се надеваат дека тоа ќе се реши по неговата следна посета на куќата на Конески.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

ПО ЗАБРАНАТА ЗА СЛАВЕЊЕ: ЈСП ќе изнајмува автобуси за дочек

Zelko, Zelko porasni uste dve tri pedi