во

Ме густаМе густа

Починат пензионер вели дека не добил 100 евра државна помош

По веста дека пензионерите кои починале по 27 септември имаат прво на 100 евра државна помош, до нашата редкација стигнаа повеќе поплаки од граѓани, кои ја демантираат оваа вест. Еден од нив е и 87 годишниот Стојан, кој починал пред неполн месец. Тој вели дека нема вистина во тврдењата дека и починатите пензионери добиваат по 100 евра државна помош, односно дека тој не добил никаква платежна картичка.

„Ма какви пари, какви глупости?! Никаква картичка со пари не сум добил. Ја молам Владата да не ми го руши раатот со овакви информации. Они не ми исплаќаа пари додека бев жив, сега ќе ми исплаќале! – револтирано изјави починатиот пензионер Стојан.

Останува да видиме како Владата ќе реагираа на овиее поплаки, и дали оваа група на граѓани ќе ги добие заслужените средства кои законски им следуваат.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Која е омилената песна на Зоран Заев?

Цитат од вакцината