Денеска на Бихаќка беше забележан чад со чуден мирис. Членовите објаснуват дека чадот служи за да ги избрка лошите духови. Бидејќи претседателот на партијата З.З. веќе трет ден се смета за исчезнат, попретседателката на партијата Мила Царовска ја разјасни ситуацијата од име на сите членови.
„Вистина е, разбиваме црни магии. Никогаш не сме биле до толку едногласни истомисленици ни тука во членството. Имено сигурни сме дека ни е извршена космичка неправда, фрлена ни е црна магија. Реалноста ни ги дава фактите кои ниту еден граѓанин не може да ги одрече, а тоа е дека до толку малери како што нас нѐ зафатија во една предизборна кампања до сега не се случиле во историјата на нашата дигитална земја.
Сметаме дека чатењето е клучно во овие пресудни мигови затоа и ги повикавме трите чудни баби, дојдени од три страни на нашата земја да ја разбијат магијата и избкаат духовите. Сакам да напоменам дека трите баби го имаат соодветното дигитално образование за функцијата која ја извршуваат и засега успешно ја разбиваат магијата. Останува да видиме од чија страна е направена магијата, чекаме истрагата да покаже.“
Ова го кажа потпретседателката Царовска во име на сите членови и сите заедно си поплукаа секој во својата пазува, додека трите чудни баби чатеа околу седиштето на партијата.