logo

# Сатира

Си го запалила возилото поради љубомора

насловна слика

Минатата ноќ во 3 часот и 20 минути, во скопско Тафталиџе, а по кратко размислување ЈШ го запалила возилото марка Ауди. Како причина за стореното го навела поскапувањето на нафтените деривати, на што полицискиот инспектор три пати превртел очи. Исто така им направила голема добрина на своите сакани соседи чии возила исто така биле зафатени од пожарот. Кој ќе ти помогне ако не комшијата. Средства за стореното добро дело нема да им бара бидејќи верува во нивната подршка следните избори, а веќе биле поканети на вечера во ресторанот кој го поседува. Полцијата сеуште го истражува случајот, бидејќи не мириса толку на бензин колку на желба за нова кола и љубомора. Дали сопругот е вмешан во случувањата или воопшто не бил дома ќе открие истрагата.

Текстот не смее да се копира без согласност од авторот и истиот припаѓа на книжевната форма сатира.

Емона Б.

Коментари


Остави коментар